ПочетнаЕКОНОМИЈАМицкоски со порака до големите ланци на супер маркети: Претеравте со цените,...

Мицкоски со порака до големите ланци на супер маркети: Претеравте со цените, ќе следуваат мерки

Премиерот Христијан Мицкоски испрати јасна и недвосмислена порака до ланците на супермаркети во државава во која посочи дека претераа со зголемувањето на цените и дека наредниот период ќе следат мерки.

Имавме со маркетите и трговците долг и би рекол искрен разговор и на тој состанок дефиниравме една цел. Се сложувам со вас дека претераа и тоа беше и мојата порака и ценам дека искрен беше дијалогот. Таков состанок треба да направиме и со производителите и дистрибутерите и потоа треба еден заеднички. Затоа што и едната и другата страна имаат свои аргументи, вели Мицкоски.

Претседателот на владата, Мицкоски нагласи дека и сопствениците на маркетите имаат аргументи зошто мора да ги покачат цените и дистрибутерите и производителите имаат свои аргументи зошто да ги покачат цените, но на крајот на тој состанок се договориле за една заедничка цел.

И сега ние што зацртавме. Ако да речеме храната од први до петти месец ни пораснала за 5.4%, инаку во 2022 година храната пораснала за 21.5% кога беше кризата. Зацртавме цел во јули месец храната да биде под 3%. За да се постигне оваа цел има одредени услови. Тие услови се, каде што во еден или два закони да се направи измена, која ќе треба заеднички да ја усогласиме со дистрибутерите и со производителите и мислам дека ќе најдеме заедничко тло. Но тоа треба да ни биде заедничка цел, цената на храната да не биде зголемена над 3% на годишно ниво, За ова постоеше општ консензус, и резултат од 2.9% го сметаме за голем успех. Јас мислам и тоа дека ќе го постигнеме, заклучи претседателот на владата Мицкоски.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП