19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати се тројцата финалисти за Златната топка

Познати се тројцата финалисти за Златната топка

riberi-mesi-ronaldo

ФИФА и „Франс Фудбал“ и официјално објавија дека Кристијано Роналдо, Франк Рибери и Лионел Меси се тројцата финалисти во битката за Златната топка за 2013-та година.

Победникот во најпрестижната индивидуална трка ќе биде прогласен на 13-ти јануари во Цирих.

Меси од 2007-та година па наваму се наоѓа во финалната тројка, кога беше трет, по победникот Рикардо Кака и второпласираниот Кристијано Роналдо. Во 2008-та година, аргентинецот заврши втор зад Роналдо, а првиот трофеј го освои 12 месеци подоцна. Оттогаш наваму наградата секогаш оди во рацете на ѕвездата на Барселона.

Роналдо беше втор во 2009-та, 2011-та и 2012-та година, а во 2010-та година не се најде меѓу финалистите. Рибери пак за прв пат се најде меѓу топ 3 во ова рангирање.

Тројцата противници имаат доста различни сезони зад својот грб. Меси не играше од јануари до април, а лошата серија на повреди продолжи и во текот на оваа година. Ова сепак не му попречи да постигне 47 гола.

Рибери беше меѓу фудбалерите на Баерн Минхен во походот на „баварците“ кон историските три титули со трофејот во Бундеслигата, пехарот во Лигата на шампионите и Купот на Германија.

Кристијано Роналдо пак, демонстрира фантастични квалитети во завршните месеци на 2013-та година, а практично сам го освои бараж дуелот на Португалија против Шведска за СП 2014-та година и бележи гол за гол за Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП