Денес влегува во собраниска процедура “ЗАКОНОТ ЗА ТРОТИНЕТИ”, односно Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност на сообраќајот.
Според пратеникот Игор Здравковски, со овој закон се ограничува возраста на минимум 18 години за да управува лице со тротинет. Исто така, се забранува возење на двајца на едно возило и брзината се ограничува на 20 км/час.
Ова е потреба, но и последица на сѐ она што се случува во изминатите две години во делот на безбедноста која за жал има премногу црна статистика, вели Здравковски.
Во периодот од 2024 до 2026 има 2352 сообраќајни незгодни со овој тип на возила со 46 загинати, 385 тешко повредени и 1347 полесно повредени лица, а во сообраќајните несреќи над 70% биле малолетници.



