Во Србија, просечната бруто плата во април оваа година изнесувала 168.008 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 121.805 динари(1 040 евра), објави денес Републичкиот завод за статистика на Србија.
Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за април 2026 година била номинално повисока за 11,4 проценти, а реално за 7,8 проценти, додека просечната нето плата била номинално повисока за 11,5 проценти, односно реално за 7,9 проценти.

