ПочетнаКОМПАНИИОткриј го петтиот елемент со новите чипсови на Виталиа

Откриј го петтиот елемент со новите чипсови на Виталиа

Чипсови има многу, но не секој чипс има карактер.

Инспириран од четирите природни елементи, Виталиа ја претставува својата најсмела иновација досега – Elements, нова генерација на air-popped чипсови создадени за сите кои сакаат вистинско крцкаво задоволство, без компромис.

Достапни во 4 вкусови, од длабоките и егзотични ноти на Protein Chips Garam Masala & Curry, преку свежината на Sour Cream & Onion, до интензивниот карактер на Smoked Paprika и чистата едноставност на Mediterranean Sea Salt, Elements не е само избор помеѓу четири вкусови, тоа е момент кога вкусот станува искуство, крцкавоста станува задоволство, а природата добива вкус.

Elements се природно без глутен, богати со растителни влакна, а дел од асортиманот е и вегански.

Протеинскиот вкус Garam Masala & Curry содржи и 20% протеин, нудејќи многу повеќе од едно обично грицкање.

Она што навистина ги прави Elements посебни е начинот на кој се создадени.

Наместо пржење, тие се произведуваат со Air-Popped технологија – комбинација на притисок и топол воздух кој создава исклучително крцкава структура. Резултатот е ужина која го нуди препознатливото задоволство од чипсот, но со сосема ново чувство на леснотија.

И можеби затоа, покрај Земјата, Водата, Огнот и Воздухот, постои уште еден елемент. Петтиот елемент. Елементот на уживањето. Елементот на здравото крцкаво задоволство.

Кој е твојот елемент?

https://www.instagram.com/reel/DZnFhsljiJU/

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП