Драма избувна на граничниот премин Евзони вечерва, кога, поради бура, гром го погоди системот за снабдување со електрична енергија кратко пред 21 часот.
Според првите информации, на граничниот премин со Грција има тотален колапс, како што објави Фејсбук групата „Grčka info“.
Како што известуваат, агрегатите не се доволни. Тие не успеваат да ги напојуваат сите уреди, па ситуацијата станува се полоша и полоша.
Тие известуваат дека во еден дел сè уште има стабилно снабдување со електрична енергија, но дека луѓето немаат интернет.
Граѓаните кои треба да го преминат овој граничен премин навечер велат дека се загрижени за целата ситуација бидејќи не знаат што ги чека.



