Комората на занаетчии смета дека државата треба да изработи стратегија за зачувување на старите занаети. Секако, занаетчиите велат дека ќе дадат особена поддршка во целиот процес. Тие се подготвени преку серија на обуки на млади лица да ја пренесат традицијата од колено на колено се со цел старите занаети кои беа и дел се сеуште белег на чаршијата да останат и натаму на овие простори.
Само како примери од Комората ги наведоа грнчарството кои сметаат дека е едно од најзагрозените занаети на кое му се заканува изумирање, потоа јорганџиите се тие кои треба да продолжат со својата дејност а се помлку ги има, и шапкарите исто така. А токму овие дејности се многу поврзани и со туризмот па затоа занаетчиите сметат дека потребна е стратегија која малите – семејни бизниси ќе бидат помогнати од државата за враќање на атрактивноста на тие дејности.
Државата да субвенционира, а занаетчиите да даваат обука на млади луѓе пред се за занаетите кои полека ги сменува а се битни за Македонија. Ова е предлогот на Комората на занаетчии според која ќе се овозможи сигурна работа за младите, а ќе се задржи и продолжи векот на дејностите по кои земјава била препознатлива со векови. Занаетите се нашиот идентитет, не смееме да оставиме да исчезнат, не смееме да бидеме само набљудувачи кои не превземаат ништо по овој предизвик со кој се соочува македонската економија, децидни се од Комората.
„Со заедничка стратегија ќе успееме да ги спасите сите стари занаети. Во мометов има државна мерка за субвенционирање на алати и материјали за занаетчиите, но таа мерка не ги опфаќа најголем дел од занаетчиите бидејќи тие се оданочуваат паушално. Затоа што се паушални државата не ги гледа сериозно, а само за споредба во Хрватска има 90 илјади такви занаетчии кои плаќаат паушал на државата, а Хрватска е и во Европската Унија. А оваа мерка за субвенционирање на алат и потрошен материјал е многу добра за стимул и развој на некој занает. “
Затоа сега занаетчиите бараат поддржка од Министерството за култура и туризам бидејќи занаетчиството е токму тоа, не е само економија туку најмногу ја претставува културата на една држава а придонесува и во туризмот. Како пример, од Комората велат дека странците не сакаат да шетаат и да купуваат сувенири и предмети од шопинг моловите, туку од чаршиите каде може да најдат автентични производи кои би ги потсетувале на нашата убава Македонија.
Како еден од најголемитге проблеми од Комората го издвојуваат и апелираат до надлежните за намалување на сивата економија. Работата на црно се уште е проблем број еден со кој не можат да се борат малите компании. Нелојална конкуренција според Комората има најмногу во делот на фризерско козметичарските дејности каде велат секој втор работи на црно, механичарите на моторни возила кои работат во импровизирани гаражи, автолакари и слично, таму треба да се сузбие сивата економија, децидни се од комората.
„Така ќе им се помогне на регистираните компании, на формалната економија. Во спротивно, ги плаќаме давачките кон државата и не сме конкурентни со цените на оние кои работат без да платат данок. И тие имаат пониски цени и ни ги земаат муштериите“, велат од Комората на занаетчии.
Недостатокот на кадар е се поголем проблем и кај занаетчиите. Интерес за стручните средни училишта има, се продуцираат добри мајстори, но по изучувањето на занаетот и со минимална пракса во работата тие се подготвени да заминат и да работат во некоја од западно европските дежави каде платите се трипати повисоки од македонските. Затоа комората апелира на државна помош за задржавање на квалификуланиот кадар во Македонија.
И.П



