Magenta Moments, програмата за подароци, попусти и поволности за корисниците на Телеком, ја освои златната награда во категоријата „Global Loyalty Program“ на престижните Loyalty360 Awards 2026. Ова признание е едно од најзначајните во индустријата за корисничко искуство и лојалност и се доделува на компании коишто поставуваат нови стандарди во градењето долгорочни односи со своите корисници преку иновативни и ефективни програми.
Наградата го потврдува успехот и континуираниот раст на Magenta Moments – водечката меѓународна програма за лојалност на Дојче Телеком, која денес обединува повеќе од 10 милиони членови на девет европски пазари и нуди придобивки од над 6 000 партнери ширум Европа.
Во Македонија, повеќе од 433 500 корисници имаат пристап до ексклузивни понуди, попусти, забавни игри и уникатни искуства преку Magenta Moments. Програмата вклучува поволности од популарни локални и глобални брендови во осум земји во Европа.
„Оваа награда е признание за нашата посветеност постојано да создаваме дополнителна вредност за корисниците. Горди сме што Magenta Moments е препознаена како една од најдобрите програми за лојалност во светот и што нашите корисници во Македонија се дел од оваа успешна меѓународна приказна“, изјави Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком.
Loyalty360 Awards ги препознава организациите коишто се истакнуваат во областа на корисничката лојалност, ангажираност и корисничко искуство. Победниците се избираат врз основа на иновативноста на нивните програми, мерливите резултати и влијанието што го имаат врз градењето долгорочни односи со корисниците.
Повеќе информации на: https://loyalty360.org/loyalty360-events/loyalty360-awards



