ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботат во Германија, купуваат во Македонија: Тивката сила што го движи пазарот...

Работат во Германија, купуваат во Македонија: Тивката сила што го движи пазарот на станови

Секое лето истата слика – автомобили со странски таблички, полни кафулиња, полни ресторани и нови станови кои се купуваат без многу рекламирање.

Зад голем дел од тие трансакции стои македонската дијаспора.

Македонци кои со години работат во Германија, Австрија, Швајцарија или Италија сè почесто ги вложуваат заштедените пари во недвижности дома.

За некои тоа е инвестиција, за други е план за враќање, за трети е сигурност дека еден ден ќе имаат свој дом во Македонија.

Економистите велат дека токму дијаспората е еден од факторите што ја одржува побарувачката за станови на високо ниво.

„Парите што доаѓаат од странство имаат значајно влијание врз локалната економија. Дел завршуваат во потрошувачка, а дел во недвижности“, велат аналитичарите.

Во услови кога каматите на штедење долго време беа ниски, многумина ја избраа циглата како најсигурна форма на вложување.

Затоа не е изненадување што дел од новите станови се купуваат од луѓе кои воопшто не живеат во Македонија.

Прашањето е дали оваа побарувачка ќе продолжи со исто темпо или пазарот постепено ќе почне да се лади.

С.Б.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП