Цените на становите во Скопје веќе одамна ја надминаа психолошката граница од 1.500 евра по квадратен метар во многу населби, а купувањето дом станува сè поголем предизвик. Но што навистина значи стан од 100.000 евра за едно просечно семејство?
Ако купувачот обезбеди 20% учество, тоа значи дека треба да вложи околу 20.000 евра сопствени средства, додека од банка би побарал кредит од околу 80.000 евра.
Со рок на отплата од 25 години и каматна стапка од околу 4%, месечната рата би се движела околу 445 до 460 евра. Тоа се приближно 28.000 денари месечно.
Банките вообичаено бараат клиентот да има доволно приходи за ратата да не претставува преголем дел од месечниот буџет.
Во пракса, за ваков кредит најчесто се потребни комбинирани семејни приходи од најмалку 70.000 до 90.000 денари месечно.
Освен ратата, купувачите треба да пресметаат и:
- нотарски трошоци
- проценка
- осигурување
- даноци
- мебел и опремување
Затоа станот од 100.000 евра речиси никогаш не чини само 100.000 евра.
С.А.



