Во светот на инвестициите најчесто говориме преку бројки, приноси, ризици, индекси, пазари и циклуси. Но постои еден фактор што не може да се пресмета, а сепак има сила да ја обликува секоја финансиска одлука, довербата – најсуптилниот и највредниот нематеријален капитал во целата финансиска индустрија. Таа ја намалува неизвесноста, ја смирува перцепцијата на ризик и внесува стабилност во периоди кога економските промени се најинтензивни. Кога станува збор за инвестициски фондови и за изборот кому да му ги доверите вашите средства, довербата е предуслов, без кој ни најсовршеното инвестициско портфолио, ни најпрецизната стратегија не можат целосно да го оправдаат својот потенцијал. Во суштината на секоја успешна инвестиција стои истото прашање: дали верувате дека вашиот капитал е во вистинските раце?
Овој став го дели и Васил Старделов од ВФП Фонд Менаџмент, човек кој често нагласува дека добриот совет најмногу вреди кога е заснован на искреност, експертиза и долгорочна посветеност кон клиентите. „Прашањето каде да се инвестира, и дали токму сега е вистинскиот момент, е секогаш актуелно. Но она што го прави одговорот кредибилен е контекстот: искуството, знаењето и транспарентната комуникација со клиентите и потенцијалните инвеститори“вели тој. Кога клиентот му верува на својот инвестициски агент, секоја одлука се носи промислено, базирано на анализа и јасен финансиски план, а не под притисок на краткорочни пазарни шокови додава тој. Кога ќе се спомене ВФП Фонд Менаџмент, за многумина првата асоцијација е токму стабилноста. Тоа не е случајно. Години наназад компанијата гради отворен модел на работење кој ја става довербата во центарот.
Старделов потенцира уште една важна вистина – здравото инвестирање подразбира контролиран ризик. Тоа е оној мал, неопходен чекор што му дозволува на портфолиото да расте. Но растот има смисла само кога хоризонтот е долг. „Најстабилните резултати се постигнуваат кога инвестирањето се планира на долг рок. Портфолио менаџерите и останатите експерти во Друштвото ги следи тековните пазарни случувања и соодветно ги прилагодува инвестициите, но секогаш во рамки на дефинирана стратегија и управување со ризик“, вели тој. Токму затоа, довербата не подразбира само верба во денешниот совет, туку и во долгорочната стратегија. Клиентот треба да се чувствува сигурен дека друштвото, фондот и неговиот инвестициски агент ќе бидат тука и утре, и за пет години, и тогаш кога пазарите ќе бидат предизвик.
Агентите се тука за да помогнат инвеститорите да ги избегнат најчестите грешки како повлекување средства во моменти на пазарен пад или пропуштено инвестирање во фази на континуиран раст, како и едноставно изумување од страна на клиентот да го дополни зацртаниот инвестициски план. Улогата на портфолио менаџерот подразбира континуирано аналитичко следење на домашните и глобалните економски текови, внимателна процена на ризиците и јасно, аргументирано комуницирање на реални препораки и очекувања. Во таа смисла, не изненадува што Васил Старделов и тимот на ВФП Фонд Менаџмент силно го нагласуваат човечкиот аспект на финансиското работење. Професионалниот пристап, транспарентната комуникација и искрената грижа за интересот на клиентот се причината што позитивните искуства со агентите на ВФП сè повеќе се множат. А со секое ново искуство се зацврстува уште една суштинска вистина во инвестирањето: вистинската вредност произлегува од луѓе кои ја разбираат одговорноста, ја почитуваат довербата и стојат зад секој совет со интегритет и професионалност.



