ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi 18 Pro“ оди чекор понатаму!

„Xiaomi 18 Pro“ оди чекор понатаму!

„Xiaomi“ би можел значително да подобри еден од своите најнеобични детали на претстојниот модел „Xiaomi 18 Pro“.

Според добро познат извор на „Weibo“, наследникот на „Xiaomi 17 Pro“ (на фотографијата од насловната) ќе добие екран на задната страна со дијагонала од дури четири инчи. За споредба, сегашниот модел користи екран од 2,7 инчи.

Покрај поголемата дијагонала, се очекува и поголема осветленост, поголема резолуција и подобра густина на пиксели, објавува веб-страницата „Phone Arena“.

Екранот наводно ќе има големи заоблени агли, додека се споменува и дека „Xiaomi“ ќе вметне функција за заштита на приватноста слична на онаа на моделот „Samsung Galaxy S26 Ultra“.

Серијата „Xiaomi 18“, вклучувајќи ги моделите „18 Pro“ и „18 Pro Max“, треба да биде претставена во септември.

Според гласините, „Pro“ верзиите ќе бидат напојувани од чипот „Snapdragon 8 Elite Gen 6 Pro“, додека основниот модел би можел да ја користи стандардната верзија на истиот процесор.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП