ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАЛани повеќе разводи од склучени бракови, во втор брак почесто стапуваат мажите!

Лани повеќе разводи од склучени бракови, во втор брак почесто стапуваат мажите!

Најновите податоци за склучувањето и распаѓањето на брачните заедници покажуваат дека во 2025 година имало повеќе разводи отколку склучени бракови. Нјаголемиот дел на бракови се регистрирано во месец август а најмалку во март.

Извештајот на Државниот завод за статистика открива дека во текот на ланската година се склучени 10 507 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5.1 %. Најмногу бракови, 1 362 или 13.0 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 473 бракови или 4.5 %. Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.2 години за младоженецот.

„Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.8 % за жените и 92.1 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.1 % и во трет брак со учество од 0.8 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Во 2025 година, според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3 448 или 32.8 % кај жените и 3 750 или 35.7 % кај мажите. Според возраста, најголем број разводи имало во старосната група од 35 до 39 години, од кои 400 или 18.3 % кај жените и 381 или 17.4 % кај мажите.“

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 478 или 21.9 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот. Како најчести причини за разводот експертите ги наведуваат, прељубата, биле несреќни, имале премногу караници, исчезнала љубовта, повеќе не комуницирале, сакале различни работи, партнерот се променил, повеќе не чувствувале дека се партнери, партнерот бил насилен, имале проблеми со парите.

Од разведените двојки според проценките на познавачите, 53 проценти имаат пријателски развод, 45 отсто и потоа остануваат во пријателски односи, а 31 процент немаат никаков контакт.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП