ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЕвропската комисија отвора постапка против Бугарија

Европската комисија отвора постапка против Бугарија

Европската комисија (ЕК) денес објави отворање на постапката против Бугарија поради прекумерен буџетски дефицит, само неколку месеци откако оваа земја влезе во Еврозоната.

Европскиот економски комесар Валдис Домбровскис изјави дека, според ЕК, Бугарија повеќе не ги исполнува критериумите за буџетски дефицит предвидени во Договорот за функционирање на Европската унија, поради што, по мислењето на Економскиот и финансиски комитет, ќе предложи формално отворање на постапката за прекумерен дефицит.

Комисијата проценува дека дефицитот на Бугарија ќе достигне 4,1 процент од БДП во 2026 година и 4,3 проценти во 2027 година, главно поради континуираното зголемување на платите во јавниот сектор и социјалните бенефиции без соодветни мерки за компензација на тие трошоци.

Надминувањето на границата на дефицитот од три проценти од БДП минатата година повеќе не може да се објасни со посебните воени трошоци на Бугарија како во 2025 година, смета ЕК.

Доколку постапката за прекумерен дефицит официјално се покрене, Бугарија ќе мора да презентира план за постепено враќање на буџетскиот дефицит под границата од три проценти од БДП, што е едно од основните фискални правила на Европската Унија.

За разлика од Бугарија, Европската комисија препорача укинување на постапката за прекумерен дефицит за Малта, бидејќи земјата успеа да го намали буџетскиот дефицит под три проценти од БДП во 2025 година и се очекува да го задржи на тоа ниво во следните две години.

Комисијата, исто така, заклучи дека Романија сè уште има „прекумерни макроекономски нерамнотежи“, додека Италија, Унгарија и Словачка беа означени како земји со „економски нерамнотежи“, според веб-страницата на ЕК.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП