ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТТрамп по новите напади врз Иран: Седнете и опуштете се, сè ќе...

Трамп по новите напади врз Иран: Седнете и опуштете се, сè ќе заврши добро

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи на својот профил на социјалните мрежи Truth Social, тврдејќи дека „Иран навистина сака да склучи договор“.

Во исто време, тој ги нападна критичарите кои ги доведуваат во прашање неговите напори за преговори со Техеран.

„Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека е МНОГУ потешко за мене добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници постојано и негативно „цврчат“, на нивоа што не се видени досега, повторувајќи одново и одново дека треба да одам побрзо, или да одам побавно, или да одам во војна, или да не одам во војна, или што и да е? Само седнете и опуштете се, на крајот сè ќе се среди – секогаш се средува!“, рече Трамп.

Интересно е што во најновата објава на американскиот претседател не се споменува иранскиот напад врз цели во Кувајт, ниту жестоките воздушни напади на САД врз цели во Иран што беа извршени во текот на викендот.

Нови напади врз Иран, сирени во Кувајт

Да ве потсетиме дека Централната команда на американската армија (Centcom) официјално потврди утрово дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран.

Официјалната изјава на Пентагон дојде само неколку минути откако Кувајт објави дека е нападнат, по што сирените вклучија предупредувања за воздушна закана од ракети и беспилотни летала.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП