ПочетнаАВТОБИЗДоаѓаат автомобили со цена помала од 15.000 евра!

Доаѓаат автомобили со цена помала од 15.000 евра!

„Stellantis“ планира да дизајнира и произведе нова генерација мали и достапни автомобили, а сите информации за тоа ги имаме на едно место.

Овие планови се прават во согласност со очекуваните европски регулативи во врска со електричните возила, а производството треба да се одвива во фабриката во Помиљано, Италија.

Меѓу брендовите што би можеле да воведат вакви модели се „Citroen“ и „Fiat“.

Директорот на брендот „Citroen“, Ксавиер Шардон, веќе навести амбиција за развој на мал, едноставен електричен автомобил со цена под 15.000 евра, кој би можел да го пренесе духот на оригиналниот модел „2CV“.

„Fiat“, од друга страна, би можел да ја искористи новата регулаторна рамка за да развие реинтерпретација на „Panda“, но во помала и поедноставна верзија во споредба со моделот „Grande Panda“.

Новата класа мали електрични возила ја носи внатрешната ознака „M1E“, иако регулативите за таа категорија сè уште не се конечно потврдени. Планот е овие автомобили да бидат пократки од 4,2 метри, додека Европската Унија разгледува стимулации што би овозможиле целиот производствен синџир да остане во рамките на Европа.

Според моменталните сигнали, „Stellantis“ делумно се обидува да влијае врз регулаторните тела на ЕУ со оваа стратегија, така што правилата за оваа класа возила ќе бидат финализирани што е можно поскоро.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП