ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАКако да се протурка месецот? На македонското семејство му требаат 68 743...

Како да се протурка месецот? На македонското семејство му требаат 68 743 денари за живот

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај 2026 година изнесува 68 743 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година е намалена за само 54 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 84 117 денари.

Најмногу пари и натаму се потребни за храна. За набавка на храна на едно четири члено семејство му се потребни 25 475 денари. За облека и обувки потребни 6 334 денари. Пресметката на ССМ покажува и дека за режиски трошоци на четири членото семејство му се неопходни 6 338 денари. За набавка на средства за лилчна хигиена од домашниот буџет треба да се одвојат 2 667 денари.

Пресметката на синдикалците покажува дека за здравствени услуги и набавка на лекови трошоците на месечно ниво во мај изнесувале 1196 денари. Во однос на средствата наменети за транспорт, во анализираниот период за четиричленото семејство за јавен превоз биле потребни 5 041 денари. За подмирување на сметките за комуникации биле потребни 3 677. За рекреација и за посета на култирни манифестации во биле потребни 5 592 денари. А трошоците за образование во април надминуваат 7 000 денари. За ресторански услуги пресметката е дека неопходни биле 4 131 денари. За останати стоки и услуги според пресметката на синдикалците потребни биле уште 1 100 денари.

Граѓаните се жалат на скапотијата и велат дека едвај врзуваат крај со крај.



И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП