ПочетнаАВТОБИЗЕве како новиот модел на „BYD“ се движи на три тркала (ВИДЕО)

Еве како новиот модел на „BYD“ се движи на три тркала (ВИДЕО)

Новиот теренец од кинескиот гигант „BYD“ – „Denza B8“, доби иновативна активна суспензија, благодарение на која може да се движи на три тркала и да менува гума без потреба од дигалка. Моделот ги демонстрираше своите неверојатни можности на посебен теренски полигон на производителот на автомобили.

„Plug-in“ хибридот беше во можност целосно да го крене едното тркало во воздух и да продолжи да се движи така со брзина до 15 км/ч. За време на демонстрацијата, беше прикажано и како паметната суспензија му помага на автомобилот лесно да излезе откако ќе се заглави длабоко во калта.

Главниот адут на активната хидропневматска суспензија „DiSus-P Ultra“ е можноста индивидуално да се контролира секое поединечно тркало. Овој режим на три тркала е развиен првенствено за да овозможи менување на дупната гума без возачот да мора да вади дигалка од багажникот. Системот успева да го подигне тркалото до неговата највисока позиција за помалку од една минута, при што вкупната сила на кревање на суспензијата достигнува импресивни 9 тони.

Сепак, таков трик со менување гума без дигалка не е целосна новина во автомобилскиот свет. Легендарниот „Citroen DS“ од далечната 1955-та година нудеше иста функција благодарение на неговата хидропневматска суспензија, иако во тоа време францускиот автомобил немаше можност индивидуално да го контролира секое тркало одделно.

Ажурираниот „Denza B8“ (исто така познат на некои пазари како „BYD Leopard 8“) веќе е во продажба во Кина по цени од 409.800 јуани (околу 60.200 долари). SUV-то е напојувано од plug-in хибриден систем кој комбинира 2-литарски четирицилиндричен турбо бензински мотор и два електрични мотори. Вкупната моќност достигнува брутални 748 коњски сили и 760 Nm вртежен момент. Автомобилот забрзува од нула до 100 км/ч за само 4,8 секунди, а целиот опсег со комбинацијата на бензин и електрична енергија изнесува импресивни 1.380 километри.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП