ПочетнаКОМПАНИИБАНКИВодно повторно обединето: „Sparkasse LIFE Прв до врв“ испиша нова спортска приказна

Водно повторно обединето: „Sparkasse LIFE Прв до врв“ испиша нова спортска приказна

Под мотото „Сите на Водно!“, викендов се одржа 14-тото издание на спортската манифестација „Sparkasse LIFE Прв до врв“, која и оваа година го претвори Водно во најголемата спортско-рекреативна сцена во земјата. Со повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство, настанот уште еднаш ја потврди својата позиција како најмасовно организирано планинско искачување во регионот и еден од најзначајните спортски настани на отворено кај нас.

Во петте натпреварувачки категории – планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, e-bike трка и тим-билдинг трка за компании – учесниците покажаа спортски дух, издржливост и силна мотивација, но пред сè испратија моќна порака за заедништво, здрав живот и позитивна енергија.

„‘Sparkasser Life Прв до врв’ одамна не е само спортски настан – тој е симбол на заедништво, позитивна енергија и грижа за здрав живот. Горди сме што секоја година обединува илјадници луѓе околу вистинските вредности што создаваат подобра и поодржлива иднина, а истовремено токму тоа е и суштината на платформата Sparkasse Life. Веруваме дека улогата на бизнис секторот е да биде активен двигател на позитивни промени – да создава вредности, да поттикнува заедништво и да инвестира во иницијативи кои носат позитивни промени и поддржуваат здрави генерации. Затоа и сме дел од приказна како ‘Прв до врв’ “, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Ова се победниците во овогодинешното издание:

-Во трката планинско трчање, во машка конкуренција, прв до врв беше Ивајло Атанасов од Бугарија, додека во женска конкуренција најбрза беше Благица Јованова.

-Во категоријата планински велосипедизам, кај мажите победи Петар Колеќевски, а кај жените прва до целта пристигна Маја Илиевска.

-Во друмски велосипедизам, најбрз во машка конкуренција беше Константин Костоски, додека кај жените триумфираше Елена Петрова.

-Во e-bike категоријата најбрзи беа Дарко Блажески и Елена Зарковска.

-Во тим-билдинг трката, првото место го освои тимот на ВДЛ Ван Хоол Македонија, второто место го освои Axapta Masters, а третопласирани беа ИПА Скопје.

Покрај спортскиот дел, „Sparkasse Life Прв до врв“ понуди целодневна програма исполнета со музика, забава, наградни активности и релакс-зони за посетителите. Relax зоната на Шпаркасе Банка беше едно од најпосетените места на настанот, каде што учесниците уживаа во освежување, ладно цедени сокови, сладолед и атмосфера создадена за дружење и полнење енергија по трката.

Дополнително, Шпаркасе Банка додели и вредносни ваучери за спортска опрема во износи од 100, 200 и 300 евра, дополнително мотивирајќи ги присутните да продолжат да инвестираат во активен и здрав животен стил.

Посебна вредност на настанот дадоа и вработените од Шпаркасе Банка, кои и оваа година активно учествуваа во трките и со личен пример ја поддржаа мисијата за создавање здрава, активна и поврзана заедница.

Следното издание на „Sparkasse LIFE Прв до врв“ е најавено за 16 мај 2027 година.

До тогаш – да продолжиме да се движиме, да се инспирираме и заедно да го освојуваме секој нов врв.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП