ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАКолку милиони евра ќе ни скрати Брисел за доцнење на домашната задача?!

Колку милиони евра ќе ни скрати Брисел за доцнење на домашната задача?!

Со секој изминат ден земјава е се поблиску до крајот на рокот за исполнување на обврските кои ги задеде Европската унија за реализирање на реформите кои се потребни за евроинтеграциите на Македонија. Власта е убедена дека само минимални средства би можеле да пропаднат, но и тоа би било во интерес на граѓаните бидејќи во спротивно ќе имаат други поголеми трошоци за енергенси. И дека од предвидените реформи две веќе со план нема да се реализираат. Опозицијата пак секојдневно информира уште колку дена остануваат до рокот за реализација кој го даде официјален Брисел и обвинува дека власта нема капацитет ниту политичка волја за европеизација на државата.

Од опозицијата велат дека од 10 клучни точки, за две години реализирани се само неколку точки, делумно. Сега, за неколку дена треба да се завршат останатите. Тоа според СДСМ не е реформа туку голема лага. Сега повторно велат дека власта посегнаа по пропаганда за малцинствата, како што беше лагата за името и Преспанскиот договор. Тоа што веќе е смешно, е тоа што владеачката ВМРО ДПМНЕ спроведува кампања против опозицијата дека таа ги стопира реформите, велат од опозициската СДСМ.

„Уште само 16 дена остануваат до истекот на рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за исполнување на реформите потребни за продолжување на ЕУ интеграциите. 16 дена до ново неисполнето ветување. 16 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија. По признанието на Мицкоски дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата на СДСМ, следеа признанијата на Тимчо Муцунски дека НАТО е феноменална работа и на претседателката Сиљановска дека темата за јазикот, културата и македонскиот национален идентитет е завршена работа (апсолвирана)“, велат од СДСМ.

Владата пак е оптимист дека најголем дел од реформите ќе се спроведат. Според власта, најбитните реформи се веќе завршени а тоа се законските решенија во областа на енергетиката, правосудството, изборниот законик, јавните компании и дигитализацијата.

Владата е на став дека од вкупно 21 доставен реформски чекор, македонските институции очекуваат позитивна оценка за 16, што би овозможило ослободување на околу 70 милиони евра финансиска поддршка. И дека има напредок во клучните области како управување со јавни финансии, енергетска транзиција, човечки капитал и деловна средина, кои придонесуваат за подобро управување и усогласување со ЕУ стандардите. Истовремено остануваат предизвици, особено во делот на сложените законски реформи и чекорите во рамки на грејс периодот. 

Според информациите од регионот, потенцијалните загуби по земја би можеле да изнесуваат за Албанија – 67,7 милиони евра, за Босна и Херцеговина – 373,9 милиони евра, за Црна Гора – 15,1 милион евра, потоа за Косово – 68,8 милиони евра, за Македонија – 49,2 милиони евра и за Србија меѓу 108,7 и 135,9 милиони евра. Пресметката вели дека вкупната можна загуба достигнува 710,6 милиони евра, или речиси 12% од вкупниот пакет од 6 милијарди евра на Планот за раст, чија цел е да ги удвои економиите на регионот во наредната деценија.

Според информациите кои пристигнаа од Брисел, Македонија, Албанија и Црна Гора би можеле да добијат околу 200 милиони евра преку Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан. Средствата се дел од поширокиот европски пакет за економски развој и реформи, со кој Брисел сака да го забрза приближувањето на регионот кон Европската Унија.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП