Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2026 година 73 921 туристи оствариле 134 233 ноќевања.
Во март 2026 година, од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во март 2026 година изнесува 134 233, од кои 26.5 % се од домашните туристи, а 73.5 % од странските туристи.
Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 6.9 %.
Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 0.3 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 0.2 %.
Најмногу странски туристи во март пристигнале од Германија 9 645, од Турција 9 090, од Франција 4 945 и од Србија 3 955.



