ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАУЈП ја објави најновата Листа на даночни должници

УЈП ја објави најновата Листа на даночни должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 05/2026 за долгови доспеани до 31.01.2025ж6 и неплатени до 30.04.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.05/2026 објавени се 1.954 должници – правни лица (повеќе за 56 од претходната листа) и 3.064 физички лица (помалку за 14 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2026 изнесува 12.127.971.312 денари, (повеќе за 141.348.894 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.938.936.253 денари, (повеќе за 131.074.325 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 189.035.059 денари (повеќе за 10.274.569 од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП