Не постои полесен начин за релаксација и опуштање, од престој во убаво уреден двор! Ниту пак друга активност како што е одржувањето на сопствениот двор, која ни ја враќа позитивната енергија и ни овозможи да се чувствуваме продуктивни и задоволни!
Но добрите градинари знаат дека тајната на убавите градини е во нивното одржување! Може да ги засадите најскапите растенија и садници, но ако не ги одржувате, инвестицијaта брзо ќе ви пропадне.
А за одржување на зеленило не е потребно многу, само љубов и квалиеттен градинарски алат и секако знаење.
Добрите градинари ги знаат тајните на правилното уредување на зелените површини! Знаат како да ги комбинираат декоративните садници, ги познаваат нивните карактеристиките, како растат, какви услови за одгледување им се потребни колку сончева светлина, колку вода, но и знаат дека во градинарскиот центар ФОЈА може да набават квалитетни садници: зимзелени декоративни садници, листопадни дрвја, цветни грмушки, сезонски цветен расад, перени, овошки и дрвја/грмушки. Од јавори со црвена боја во есен кои ги пленат сите погледи… Миризливи Липи ..брези , дабчиња или пак некои невообичаени видови како на пример Ариш? Дополнително градинарски додатоци: саксии, тресет, ѓубрива, семе за трева, зачински билки.
Оваа сабота нека биде поинаква. Сончево време, зелена енергија и илјадници растенија ве чекаат во градинарскиот центар ФОЈА. Нека биде ден за мир, инспирација и поврзаност со природата.








