ПочетнаКОМПАНИИNatura Therapy дел од престижниот Vitafoods Europe 2026 во Барселона

Natura Therapy дел од престижниот Vitafoods Europe 2026 во Барселона

Македонската компанија за додатоци во исхраната Natura Therapy беше дел од престижниот саем Vitafoods Europe 2026 кој се одржа во Барселона од 5 до 7 мај.

Станува збор за еден од најголемите и најзначајни светски саеми за суплементи и иновации во здравата исхрана кој се одржува во Fira Barcelona Gran Via и ги обединува водечките компании, производители, иноватори и експерти од глобалната индустрија за здравје и суплементација. Vitafoods Europe ја поврзува целата нутрацевтска индустрија на едно место: од суровини и готови производи, до private label, contract manufacturing, опрема и услуги.

Нашето присуство на овој саем претставува мост кон нови партнерства и идни соработки. Тука сме со цел имплементирање на уште повисоки стандарди, за подобрување на нашите производи, но и најдиректно да се запознаеме со најсовремените светски иновации во индустријата за здравје, превенција и квалитетна суплементација. Она што го слушнавме тука е дека квалитетните суплементи повеќе не се избор, туку неопходна потреба, како дел од современиот начин на живот! “ – изјави нутриционистот Сашко Дрвошански.

Новитетите кои неодамна ги промовиравме на македонскиот пазар, како Магнезиум цитрат, потоа новите минерали и новите механизми на пакување и искористување, како и колагенските пептиди, излезе дека се нешто што е најактуелно и во светот, додаде Дрвошански.

За Natura Therapy, ова учество претставува стратешка можност за вмрежување, размена на искуства и отварање нови канали на соработка. Компанијата продолжува да расте, да се развива и да креира додатоци во исхраната кои ги задоволуваат се поспецифичните потреби на корисниците.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП