ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСемејно - паметни политики за промена на пазарот на труд во Македонија

Семејно – паметни политики за промена на пазарот на труд во Македонија

Професори, бизнисмени и претставници на Обидинетите нации со заеднички сили бараат решенија за глобалниот проблем – недостаток на работен кадар. Првичниот заклучок до кој дојдоа е дека инвестицијата во семејно‑паметни политики на работното место може да ги зголеми задоволството и продуктивноста на вработените. Но, и да  привлече и ги задржи врвните таленти во Македонија, а особено жените. Со тоа според нив може  да се намали отсуството и флуктуацијата и да придонесе за надминување на недостигот на работна сила со кој моментално се соочува Македонија. Таквите политики можат исто така да го подобрат здравјето, учењето и долгорочните резултати кај децата.

Кога на едно место ќе собереш околу педесет бизнис лидери, креатори на политики и академици се со цел да се дискутира како семејно‑паметните политики можат да им користат на локалните компании и да придонесат за справување со растечкиот недостиг на работна сила во Македонија, секако дека очекувани се позитивни резултати. Состојбата е добро позната, како и многу други земји, државата се соочува со затегнат пазар на труд, предизвикан од демографски пад, иселување, несогласување на вештини и стареење на населението. Во исто време, речиси 40% од жените во работоспособна возраст остануваат надвор од работната сила – најчесто поради неплатени обврски за грижа и ограничен пристап до флексибилни, семејно‑поддржувачки практики на работното место, вклучувајќи услуги за грижа за деца.

„Економската неактивност на жените претставува огромен, неискористен потенцијал за одржлив економски развој на земјата. Семејно‑паметните политики се еден од ефективните начини да се ослободи тој потенцијал – за семејствата, за компаниите и за долгорочниот развој на државата,“ велат од ОН.

Ваквите практики веќе се користат во дел од индустриите низ државава. Тие компании уште се нарекуваат и компании – шампиони во семејно‑паметни политики, а има и многу кои се заинтересирани за воведување на такви политики, како и за учење од нивните искуства. Засега во земјава вакви практики воведоа дел од текстилните фирми, фирми од енергетскиот и банкарскиот сектор, како и од други сектори. 

Дополнително, наодите од анкетата на работодавачи спроведена од УНИЦЕФ и консултациите покажуваат силен интерес кај компаниите за поддршка на решенија за грижа за деца, но со насоки и поттик од Владата. УНИЦЕФ работи со Владата и компаниите за идентификување на модели на политики и финансирање за јавно‑приватна соработка во справување со овој предизвик. Освен грижата за деца, други семејно‑паметни политики ги овозможуваат жените да влезат, да останат и да напредуваат во работната сила.

Учесниците треба да се вклучуваат почесто да дискутираат за мотивациите, предизвиците и научените лекции, нагласувајќи го позитивниот ефект врз регрутацијата, задржувањето и ангажманот на вработените, сметаат експерти. Ваквите иницијативи ги позиционира семејно‑паметните политики  не само како социјални бенефиции, туку како стратешки деловни алатки што им помагаат на компаниите да привлечат, задржат и мотивираат таленти во затегнат пазар на труд.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП