ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПомалку работници успеаа да го подобрат производството во индустријата!

Помалку работници успеаа да го подобрат производството во индустријата!

Индустриското производство во март 2026 година е зголемено за 3.0 % во однос на март 2025 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажува дека индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи опаѓање од 6.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.3 %. Во исто време, бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во март 2026 во однос на март 2025 година. Податоците на статистичарите велат дека бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.8 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.

Извештајот на статистика покажува дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

„Според главните индустриски групи, производството во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.0 %, Капитални производи за 8.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7.8 %“, стои во извештајот.

Што се однесува до бројот на работниците во индустријата, тој е намален за 2.8 % во март 2026 во однос на март 2025 година. Податоците откриваат дека бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.8 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.

„Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2026 година, во однос на март 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.1 %, Капитални производи за 3.6 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.0 %.“ се наведува во извештајот

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2026 година, во однос на периодот јануари – март 2025 година, изнесува 97.7. Бројот на работниците во периодот јануари – март 2026 во однос на периодот
јануари – март 2025 се намалил за 3.3 %.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП