ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСеријата „Xiaomi 18“ ќе биде една од највозбудливите оваа година

Серијата „Xiaomi 18“ ќе биде една од највозбудливите оваа година

Според новите информации споделени од популарниот инсајдер „Digital Chat Station“, серијата „Xiaomi 18“ добива неколку значајни надградби.

Доверливиот инсајдер тврди дека инженерскиот прототип е во развој и дека би можел да стане единствениот компактен водечки модел во својот сегмент кој комбинира чипсет од следната генерација од 2nm (за кој се верува дека е Snapdragon 8 Elite Gen 6) и двоен систем на камери од 200MP со големи сензори.

Протекувањето дополнително сугерира дека капацитетот на батеријата би можел да започне со „7“, што укажува на околу 7.000 mAh со значителни подобрувања во однос на претходните генерации. И покрај огромната батерија и напредниот хардвер на камерата, „Xiaomi“ наводно работи на тенок и компактен дизајн со рамен екран и тесни симетрични рамки, што е овозможено со новата „LIPO“ технологија за производство.

Иако точната дијагонала не е наведена, се шпекулира дека екранот би можел да има дијагонала од околу 6,3 инчи, објавува веб-страницата „Gizmochina“.

Сè уште не е сосема јасно дали оваа информација се однесува на стандардниот „Xiaomi 18“ или на „Xiaomi 18 Pro“. Поверојатно е дека станува збор за моделот Pro, бидејќи претходните информации од истиот извор укажуваа дека „18 Pro“ ќе има две камери од 200 мегапиксели, додека стандардниот модел ќе има една перископска телефото камера со таа резолуција.

„Xiaomi“ ги лансира своите најдобри телефони во септември веќе неколку години. Се очекува овој тренд да продолжи оваа година со серијата 18, која треба да ги вклучува моделите „Xiaomi 18“, „Xiaomi 18 Pro“ и „Xiaomi 18 Pro Max“.

Во моментов нема прецизни информации за тоа кога овие уреди ќе станат достапни на глобалниот пазар.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП