Штандот на компанијата Gorenje на саемот EuroCucina 2026 беше во центарот на вниманието на посетителите и јавноста, бидејќи познатиот бренд ја повика светската фудбалска ѕвезда и својот глобален амбасадор Лука Модриќ, кој за присутните подготви специјална пица. Поранешниот освојувач на „Златната топка“ внесе свој препознатлив стил и прецизност, воодушевувајќи со својата умешност на најпрестижниот светски саем за кујни кој се одржа од 21. до 26. Април во Милано.
Тој, во таа прилика, ја испроба најбрзата вградна рерна за пица, подготвувајќи специјална „Лука“ пица, во тандем со познатиот италијански пица мајстор Вито Иакопели, што му даде на настанот посебен впечатлив момент. „Тајниот додаток“ беше лут мед, заедно со врвно тесто кое беше одлежано 72 часа, како и квалитетен кулен, бидејќи Модриќ сакаше пикантен вкус на специјалитетот кој внимателно го подготвуваше.
Во текот на 120 секунди, колку што беше потребно пицата да се испече во Gorenje Pizza Plus рерната, славниот фудбалер одговараше на различни прашања од гостите.

„Подготовката на пицата денес ми претставуваше големо задоволство, вкусот беше извонреден, а се покажа како добрата технологија може да ви помогне да создадете прекрасни моменти со луѓето кои ги сакате. Како спортист, знам дека успехот зависи од дисциплината и од тоа да ги имате вистинскиот тим и вистинските алатки. Во кујната е потребно истото, а тука се производите на Gorenje кои се мој прв избор, бидејќи се со мене уште од кога бев дете. Така е и денес. Тие се сигурни и лесни за употреба, а тоа е важно во секојдневниот живот. За мене, Gorenje претставува квалитет и традиција со кои навистина можам да се поврзам, што го прави ова партнерство природно“, изјави Модриќ.
Настанот послужи како единствена можност Gorenje да ги претстави не само најновите иновации, туку и стратешката визија за иднината. Една од клучните најави беше засиленото влегување на компанијата во каналот на малопродажба на кујни, што претставува важен чекор кон зајакнување на позицијата на брендот Gorenje на пазарот на премиум вградни апарати.
„Присуството на Лука Модриќ со нас на саемот EuroCucina беше голема чест и совршен приказ на она за што се залага нашиот бренд“, порача Хансон Хан, извршен директор на Hisense Europe и глобален извршен директор на Gorenje.
Пред гостите да започнат да уживаат во бројните специјалитети кои ги подготви Gorenje тимот на штандот на саемот EuroCucina, присутните ги поздрави и Аленка Поточник Анжич, директорка за маркетинг на Hisense Europe.

„Кариерата на Лука сведочи за посветеност, врвни резултати и важноста на силниот тим – вредности кои се длабоко вградени во ДНК-то на Gorenje. Ова партнерство е совршен спој. Лука ни помага да ја пренесеме нашата посветеност кон квалитет, сигурност и внимателен дизајн кој навистина им го олеснува животот на нашите корисници. Тој ја претставува извонредноста што ни е својствена и која се трудиме да ја вградиме во секој апарат“, изјави Поточник Анжич.
Настапот на саемот во Милано успешно ја истакна силната усогласеност помеѓу ветувањето на брендот Gorenje и глобалниот имиџ на Лука Модриќ, оставајќи силен впечаток врз стручната јавност и медиумите. Тоа беше јасен сигнал за амбициите на компанијата Gorenje и нејзината посветеност на успех на конкурентниот европски пазар. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Gorenje Македонија.



