ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп жестоко му одговори на Мерц: Нема поим за што зборува

Трамп жестоко му одговори на Мерц: Нема поим за што зборува

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот на социјалните мрежи остро го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, продолжувајќи да ја критикува Европа за нејзиниот одговор на војната меѓу САД и Израел против Иран.

“Мерц мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“, напиша Трамп на Truth Social.

„Тој нема поим за што зборува!“, рече Трамп.

„Доколку Иран имаше нуклеарно оружје, целиот свет ќе беше заложник. Сега го правам ова со Иран она што другите земји или претседатели требаше да го направат одамна. Не е ни чудо што Германија е во толку лоша позиција, и економски и во секоја друга смисла!“

Критиките на Трамп дојдоа откако германскиот канцелар во понеделник изјави дека раководството на САД е „понижено од иранскиот режим“.

„Иранците се очигледно посилни од очекуваното, а Американците очигледно немаат убедлива стратегија во преговорите“, рече Мерц.

Неговата канцеларија не одговори веднаш на барањето за коментар.

Трамп претходно ги критикуваше европските сојузници

Трамп претходно ги критикуваше европските сојузници за нивната неподготвеност да им помогнат на САД во конфликтот, особено откако Иран практично го затвори Ормутскиот теснец, клучен воден пат низ кој минува околу 20 проценти од светската нафта, објавува Политико.

Во првите денови од војната, Европа ги отфрли повиците на Трамп за поактивно вклучување.

„Европа нема интерес за бесконечна војна“, рече потпретседателката на Европската комисија, Каја Калас, во март. „Ова не е европска војна, но европските интереси се директно засегнати“.

Еден германски функционер, кој сакаше да остане анонимен, ја доведе во прашање одлуката на Мерц јавно да го критикува Трамп.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП