Френковиот знак, познат како дијагонална набора на ушната школка (DELC), е трајна видлива набора на едната или двете ушни школки што се протега дијагонално. Истражувањата покажуваат дека присуството на Френковиот знак може да укажува на поголем ризик од развој на кардиоваскуларни или срцеви заболувања.
Френковиот знак е длабок набор што се формира на едната или двете ушни школки. Се појавува со возраста и изгледа како дијагонална линија на ушната школка што се протега надолу.
Истражувањата сугерираат дека ова може да одразува промени поврзани со стареењето или намалена функција на крвните садови во телото.
Френковиот знак е именуван по д-р Сандерс Т. Френк, кој го открил во 1970-тите додека прегледувал пациент со срцеви заболувања. Наборот може да сигнализира лошо снабдување со крв на ушните школки или може да биде симптом на ослабени крвни садови. Може да биде поврзан и со стареењето.
Зошто се појавува Френковиот знак?
Истражувањата сугерираат дека Фрeнковиот симптом може да биде резултат на прераспределба на сврзното ткиво и слаба густина на капиларите – микроскопските крвни садови во внатрешноста на ушната школка и крвните садови во телото. Неговото присуство не потврдува срцева болест, но треба да поттикне проценка на ризикот.
Ризици означени со Фрeнковиот знак
Во раните студии, Фрeнковиот знак често се забележувал кај луѓе со историја на:
-коронарна артериска болест – видови на срцеви заболувања,
-исхемични промени – т.е. намалување на протокот на крв и кислород до дел од телото,
-ангина пекторис – болка или непријатност во градите поради намален проток на крв и кислород до срцето.
Во студија објавена во 2019 година во списанието Springer Nature, истражувачите откриле дека Франковиот знак е силен маркер за ризик од срцеви заболувања.
Истражувањата, исто така, покажаа дека може да биде ран индикатор за периферна микроангиопатија, болест на малите крвни садови лоцирани во ткивата надвор од срцето и мозокот.
Според студија објавена во American Journal of Medicine во 2017 година, овој феномен на ушната школка е поврзан и со мозочен удар.
Истражувачите, кои се со седиште во Израел, проучувале 241 пациент хоспитализирани поради мозочен удар и откриле дека 79 проценти го имале Фрeнковиот знак.
Дополнително, 66 пациенти кои го претрпеле најчестиот вид мозочен удар – акутен исхемичен, кај кој блокадата го прекинува протокот на крв во мозокот – претходно доживеале срцев удар.



