ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ претставува нов електричен седан развиен со кинески производител (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ претставува нов електричен седан развиен со кинески производител (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ претстави нов електричен седан „ID. Unyx 09“, развиен во соработка со кинескиот производител „Xpeng“.

Моделот е дел од офанзивата на германскиот бренд на кинескиот пазар, каде што планира голем број нови електрифицирани возила.

„ID. Unyx 09“ носи сосема нов дизајнерски правец со поделени LED светла, осветлено лого и изразени црни детали по должината на каросеријата.

Со должина од околу пет метри, автомобилот е дури и малку поголем од „Volkswagen ID.7“, што го позиционира како потенцијален врв во гамата во Кина.

Моделот е развиен во рамките на заедничко вложување што Фолксваген го основа во 2017-та година со Кинезите во таа земја, а германскиот производител има мнозински удел во компанијата.

Потребни беа само две години за развој, што покажува колку соработката со кинеските партнери ги забрза процесите.

Иако техничките детали сè уште не се објавени, познато е дека моделот користи големи 21-инчни тркала и врвни компоненти како што се сопирачките „Brembo“.

Дизајнот е поелегантен и спортски во споредба со другите електрични седани на „Volkswagen“.

Важно е да се напомене дека овој модел нема да стигне до европскиот пазар, бидејќи е развиен исклучиво за Кина.

„Volkswagen“ планира голема експанзија во таа земја, со повеќе од 20 нови електрифицирани модели веќе оваа година, додека брендот „Škoda“ постепено ќе исчезне од тој пазар.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП