ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските милијардери го зголемуваат своето богатство и покрај војната и санкциите

Руските милијардери го зголемуваат своето богатство и покрај војната и санкциите

Руските милијардери го зголемија своето богатство за 11% на рекордни 696,5 милијарди долари во изминатата година и покрај војната во Украина и најстрогите западни санкции што некогаш биле наметнати врз голема економија. Ова го објави „Reutres“, повикувајќи се на „Forbes Russia“.

Најбогатите луѓе во Русија се поврзани со огромните природни ресурси што земјата ги извезува на светските пазари со децении, а нивното богатство се зголеми бидејќи нарушувањата во трговските текови ги зголемија цените на суровините. Сепак, „Forbes“ забележа дека нема нови имиња на врвот на рангирањето.

На врвот на рангирањето, Алексеј Мордашов, извршен директор на инвестициската компанија „Севергруп“, беше прогласен за најбогат милијардер во Русија со богатство од 37 милијарди долари. Ова е зголемување од 8,4 милијарди долари во споредба со минатогодишното рангирање.

Владимир Потанин, раководител на „Интеррос“ и компанијата за метали „Норилск Никел“, со богатство од 29,7 милијарди долари, е рангиран на второто место.

Вагит Алекперов, поранешен шеф на „Лукоил“, е трет со богатство од 29,5 милијарди долари, а Леонид Михелсон, извршен директор на „Новатек“, и неговото семејство се четврти со богатство од 28,3 милијарди долари, објави „Forbes“.

Иако некогаш се сметаа за едни од најбогатите луѓе на планетата, богатството на руските милијардери – од кои многумина го стекнале своето богатство во хаосот по распадот на Советскиот Сојуз – сега е значително помало од богатството на технолошките титани во Соединетите Американски Држави.

Елон Маск е на врвот на глобалната ранг-листа на „Forbes“ со богатство од 839 милијарди долари, додека Лари Пејџ од „Google“ е на второто место со 257 милијарди долари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП