Во последниве недела дена може да се забележи минимален пад на цените на земјоделските производи во маркетите. Останатите производи речиси и да се продаваат по редовна цена, а дел се и со повисока.
За власта тоа значи дека трговците повеќе шпекулативно не ги зголемуваат маржите, а со тоа и придонесуваат за стабилизација на ценовните шокови за граѓаните.
Но, сепак општиот впечаток на населението е дека живеачката од ден во ден е се поскапа, а за тоа редовно потврда дава пресметката на минималната кошничка.
Властите уверуваат дека одговорно ја следат состојбата во малопродажбата. Велат дека имаат подготвено сопствена анализа на движењето на цените, особено на земјоделските производи како доматите и краставиците кои според нив токму на овие производи за една недела цената се преполовила. И како ќе се движат цените така владата ќе реагира.
„Владата има механизам ДДВ-то од 5% да го направи нула. Маржата која што ја имаат и дистрибутерите и трговците според нас е под 15 проценти, а според нив е под 10%. Многу беше влажна средбата која ја имавме на почетокот со ланците на маркети и кога предупредивме дека не треба шпекулативно да се однесуваат и мислиме дека до сега имаат фер плеј однесување, не се однесуваат шпекулартивно, односно не ги зголемуваат маржите. Напротив, ги намалуваат бидејќи волуменот им се зголемува“, сметаат од Владата.
Од друга страна пресметката на синдикалната кошничка покажува дека живеачката од месец во месец е се поскапа. Во март последната пресметка вели дека се потребни 67 818 денари да се протурка месецот. За три месеци живот е поскап за 2 500 денари.
И.П



