Според информациите, ова нема да биде само обично ажурирање, туку сериозен чекор напред со фокус на визуелниот идентитет и интеграцијата на премиум палетата на бои „Leica“.
Информацијата доаѓа од кинески инсајдер под прекарот „Smart Pikachu“, кој тврди на социјалната мрежа „Weibo“ дека „HyperOS 4“ носи значајни промени во самото јадро на корисничкиот интерфејс.
Иако деталите сè уште не се прецизирани, се сомнева дека „Xiaomi“ го напушта препознатливиот дизајн и преминува на помодерен, кохезивен изглед за системот од следната генерација, објавува „Gizmochina“.
Една од најинтересните вести е имплементацијата на палетата на бои „Leica“ директно во оперативниот систем. Се верува дека ова ќе донесе премиум естетика со висок контраст низ целиот интерфејс, која претходно беше резервирана исклучиво за апликацијата за камера.
Се наведува дека основните системски апликации во „HyperOS 4“ ќе бидат препишани во програмскиот јазик „Rust“, што треба да донесе значително подобра флуидност и поголема безбедност на системот.
Иако „Xiaomi“ сè уште не дава никакви детали, се очекува „HyperOS 4“ да дебитира со серијата „Xiaomi 18“ во третиот квартал од 2026-та година, додека бета-тестирањето би можело да започне уште во август.



