Американската технолошка компанија „Meta“ потврди дека започнала со тестирање на премиум претплата на социјалната мрежа „Instagram“ во неколку земји.
Претплатата, наречена „Instagram Plus“, воведува дополнителни функции за корисниците кои се подготвени да платат за понапредни опции, фокусирани на приватноста и контролата на содржината, објавува „Tech Crunch“.
Корисниците можат да гледаат објави од „приказна“ без авторот да види дека ги прегледал, како и да видат колку пати е прегледана нивната сопствена објава.
Дополнително, корисниците на „Instagram Plus“ ќе можат да креираат повеќе различни групи следбеници и да изберат кој ќе ја види која објава од „story“, наместо да имаат само една листа.
Како што е наведено, „сторињата“ ќе можат да траат подолго – до 48 часа – и еднаш неделно може дополнително да се означат за да можат да ги видат повеќе луѓе.
Претплатата носи и некои помали функции, како што се посебен ефект „супер лајк“ и опција за полесно проверување дали одредена личност ја погледнала вашата „приказна“.
„Meta“ официјално не објави во кои земји се спроведува тестот, но според корисниците, функцијата е достапна во Мексико, Јапонија и Филипините.
Цената на претплатата на „Instagram Plus“ варира во зависност од пазарот и се движи од околу еден до два долари.



