Кинескиот производител „Leapmotor“ претстави нова, значително помоќна верзија на својот теренец.
„C10 AWD Sports+ Special Edition“ испорачува перформанси на ниво на супер автомобил, но по значително пониска цена.
За разлика од стандардниот модел со еден електричен мотор и 218 ks (160 kW), новата верзија со погон на сите тркала користи два мотори и развива дури 598 ks (440 kW) и 760 Nm вртежен момент.

Тоа е речиси на исто ниво со „Lamborghini Huracan LP 610-4“, кој има 610 ks.
Забрзувањето до 100 km/h трае околу 4 секунди, додека поголема автономија е обезбедена од батерија од 81,9 kWh.
Досегот е до 437 km (WLTP), со брзо полнење до 180 kW.

Најголемото изненадување е цената – околу 37.600 долари, што е дури и пониско од некои верзии на „Tesla Model Y“, како и од конкурентските електрични теренци.
Ова јасно ги таргетира купувачите кои сакаат високи перформанси по прифатлива цена, а дополнително го зголемува притисокот врз етаблираните брендови во сегментот на електрични возила.



