ПочетнаЕКОНОМИЈАПазар на недвижности 2025: Најскапиот стан продаден во Аеродром, по цена од...

Пазар на недвижности 2025: Најскапиот стан продаден во Аеродром, по цена од 3784 евра за метар квадратен

Агенцијата за катастар на недвижности го објави Годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности за 2025 година, кој претставува сеопфатна анализа на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности, базирана на официјални податоци за реализирани купопродажни договори и договори за закуп.

Пазарот на недвижности во 2025 година бележи значителна активност со вкупно 33.381 реализирани трансакции, од кои регистрирани се 23.470 купопродажби и 9.911 закупи.

Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот изнесува 1,14 милијарди евра, што е раст од 12,9 % во споредба со 2024 година. Најголем дел од оваа вредност е остварен во четвртиот квартал (314 милиони евра).

Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот со учество 33 % во вкупниот број на купопродажби и дури 48 % од вкупната вредност на пазарот.

Најактивни општини на пазарот на недвижнини беа Центар, Аеродром и Карпош, кои исто така, имаат и највисоки просечни цени на становите од 1.692 евра/м²;  1.558 евра/м² и 1.419 евра/м² соодветно.

Најскапиот стан е продаден во Аеродром за 166.500 евра, а најскапата куќа е продадена во Општина Центар за 1.500.000 евра. Најскап деловен простор е продаден во Општина Центар за 6.800.000 евра.

Според Агенцијата, пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови.

Извештајот е достапен на следниот линк.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП