ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во јануари 46 617 денари, ИТ секторот убедливо најплатен

Просечната плата во јануари 46 617 денари, ИТ секторот убедливо најплатен

Според пресметките на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2026 година, изнесуваше 46 617 денари.

Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %. 

Намалување  на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.

Програмерите остануваат најплатени во земјава, просечна плата од 107 016 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Втори на списокот топ пет најплатени професии се Научно истражување и развој, кои во ноември земале во просек 79 530 денари нето плата. Следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со 78 905 денари, па вработените во Складирање и помошни дејности во превозот со 72 311 денари и последни од топ пет се вработените во Останати стручни, научни и технички дејности со 70 677 денари нето плата.

На другата страна на скалата, топ пет најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања. Така убедливо на дното се вработените во секторот “Производство на кожа и слични производи од кожа” со просечна плата од 29 670 денари. Следуваат вработените во секторот “Производство на облека” со 29 791 денари, па тие во Рибарство и аквакултура со 29 794 денари.


ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП