ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп со ултиматум до Иран: „Отворете го Ормутскиот теснец или ќе следи...

Трамп со ултиматум до Иран: „Отворете го Ормутскиот теснец или ќе следи уништување“

Израелскиот напад врз иранското гасно поле Јужен Парс беше целосно координиран со САД и требаше да биде порака од американскиот претседател Доналд Трамп дека губи трпение со Иран бидејќи Ормускиот теснец е сè уште затворен, објави Канал 12.

Како што рече изворот на израелската телевизија, Израел се закани со понатамошни напади врз иранските енергетски објекти.

„Израел оперативно помогна да се испрати американската порака. Или Ормускиот теснец ќе биде отворен и Иран ќе ги отстранат морските мини, или целиот објект ќе биде уништен, како и другите енергетски објекти“, изјави неименуван висок израелски функционер за телевизијата.

Нападот се случил порано денес, а неколку згради во Специјалната економска енергетска зона Јужен Парс беа оштетени, објави иранската агенција Тасним.

Израелски функционер потврди порано денес дека израелските воздухопловни сили ја нападнале гасната инфраструктура на Иран на југот од земјата и дека целта на нападот била најголемата фабрика за преработка на гас во Иран, во покраината Бушер.

Полето Јужен Парс е најголемата позната резерва на гас во светот и обезбедува околу 70 проценти од домашниот природен гас на Иран.

Иран, кој го дели најголемото наоѓалиште на природен гас во светот со Катар, разви сопствена инфраструктура на гасни полиња од крајот на 1990-тите.

Откако Израел го нападна најголемиот гасен објект во светот, иранскиот Јужен Парс, Техеран вети одмазда.

Министерството за одбрана на Саудиска Арабија објави дека пресретнало и уништило беспилотно летало кое се обидело да „се приближи до еден од гасните објекти“ во источната покраина на земјата. Според портпаролот, дронот бил неутрализиран пред да може да ја достигне својата цел, а не е пријавена никаква штета.

Во исто време, катарската државна енергетска компанија QatarEnergy потврди дека индустрискиот комплекс Рас Лафан, најголемиот центар во светот за производство на течен природен гас (LNG), бил цел на ракетни напади вечерва.

Претходно, Министерството за внатрешни работи на Катар пријави пожар во областа, наведувајќи дека инцидентот следел по „ирански напад“.

Според соопштението на QatarEnergy, службите за итни случаи веднаш биле испратени на терен за да ги стават пожарите под контрола.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП