Сојузот на синдикати на Македонија во завршни подготовки за утрешниот масовен протест на работниците. Се бараат повисоки плати. Власта наместо да преговара, обвинува за политиканство. Работодавачите пак, мирно си молчат.
Во 12 часот утре работниците ќе го кренат гласот против инаетењето на власта која не сака да го заобиколи или промени законскотот решение и да ја зголеми минималната плата на 600 евра. Со овие суми кои ги добиваат македонските работници не се поминува месецот, децидни се синдикалците. Затоа тие ги повикуваат сите оние граѓани кои заработуваат плати пониски од тоа што залужуваат да излезат и да протестираат во ценатарот на Скопје. Покана има до сите работници, бидејќи ако се зголеми мнинималецот, ќе се зголемат сите останати плати.
„Целиме да укажеме дека платите во Македонија се мизерни – според податоците на Управата за јавни приходи, 160.000 работници живеат со плата под прагот на сиромаштијата. Секој работник треба да се приклучи и да ја даде својата поддршка“, велат од ССМ.
Но власта пак е децидна дека пореади барањата и протестите на ССМ стои опозицијата. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека од СДС и ССМ веќе не се ни кријат за соработката која ја имаат со една единствена цел, а таа цел не е барање за зголемување на платите, туку целта им е да и наштетат на владата.
„Одговорен за логистика и организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов, од Куманово е Оливер Трајковски – Шеф на штаб на СДС во населбата Зелен рид, како и вработен во ЈП Чистота и Зеленило во Куманово. Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Бранко Георгиев како главен теренаш на СДС сега е главен теренаш на ССМ“, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Работодавачите пак се со став дека толкаво зголемување на минималецот ќе биде погубно за малите компании кои нема според нив да имаат финансиска кондиција тоа да го издржат.
Синдикалците си го кажаа своето, без повисоки плати нема продуктивност и нема дополнителна стимулација за работа. Барањата на работниците се 600 евра минималец и 100 плус на сите плати.
И.П



