ПочетнаЕКОНОМИЈАОчаен старт на македонската индустрија!

Очаен старт на македонската индустрија!

Од минус во минус, македонската индустрија никако да дојде до позитивни резултати. Податоците кои ги објавија државните статистичари покажуваат дека во јануари годинава индустриското производство бележи пад од високи 6,6 отсто во однос на првиот месец од 2025 година. Засега ги нема очекуваните резултати од парите кои се истурија во стопанството, а беа дел од унгарскиот кредит кои имаа за цел да ја подобрат производствената структура на фабриките кои произведуваат разни добра во Македонија.

Официјалните податоците велат дека индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи пораст од 2.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2.8 %. 

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2 %, Капитални производи за 5.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 10.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.9 %, додека пораст бележи кај Енергија за 2.5 %. 

„Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: 

 – Производство на текстил,
 – Производство на облека,
 – Производство на хемикалии и хемиски производи,
 – Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
 – Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
 – Производство на метали, 
 – Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
 – Производство на електрична опрема,
 – Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
 – Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. “ стои во извештајот на Државниот завод за статистика

Засега ги нема очекуваните резултати или ефекти од владината мерка за подобрување на производствената компонента на македонските компании.

Парите од унгарскиот кредит кои ги подели стопанството имаше за цел токму зголемување на производството на приватниот сектор, а со тоа и зголемена продуктивност на работниците. Но тоа се уште го нема во реалноста.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП