ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ подготвува „убиец“ за очилата „Meta Ray-Ban“

„Samsung“ подготвува „убиец“ за очилата „Meta Ray-Ban“

Според најновите извештаи, јужнокорејскиот гигант ја завршува работата на своите паметни очила кои би можеле да дебитираат веќе следната година, а целта е јасна – директен напад врз популарните модели „Meta Ray-Ban“.

За разлика од гломазните VR сетови, фокусот на „Samsung“ е на лесниот дизајн и високата функционалност. Според податоците што протекоа од истражувачките кругови (како што е извештајот од „Wellsen XR“), новите очила ќе бидат напојувани од чипсетот Qualcomm AR1, истиот што се наоѓа во конкурентскиот модел на „Meta“.

Сепак, „Samsung“ планира да оди чекор понатаму, и еве што можеме да очекуваме:

Камера: сензор од 12 MP (Sony IMX681) за снимање и препознавање на околината.

Батерија: капацитет од 155 mAh, што треба да овозможи целодневна употреба со интелигентно управување со енергијата.

Тежина: Само 50 грама, што ги прави едни од најлесните уреди во својата класа.

Главниот адут на „Samsung“ нема да биде само хардверот, туку длабоката интеграција со вештачката интелигенција. Благодарение на партнерството со „Google“, очилата ќе користат модифицирана верзија на моделот „Gemini AI“.

Ова значи дека корисниците ќе можат да вршат визуелни пребарувања во реално време, да преведуваат текст што го гледаат пред себе, па дури и да добиваат потсетници врз основа на тоа што камерата „гледа“. Исто така, интеграцијата со екосистемот на Samsung и дигиталните плаќања (QR кодови и слично) ќе бидат клучна предност.

Иако „Samsung“ официјално молчи, инсајдерите укажуваат дека уредот би можел да биде најавен веќе во првата половина на 2027-ма година, веројатно заедно со новата серија телефони „Galaxy“.

Прашањето што останува отворено е цената. Доколку „Samsung“ успее да ја одржи бројката конкурентна со 300-те долари на „Metа“, пазарот на паметни очила би можел да има нов лидер.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП