ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ подготвува нови „Ultra“ уреди, пристигнуваат „iPhone“, „AirPods“ и „MacBook“

„Apple“ подготвува нови „Ultra“ уреди, пристигнуваат „iPhone“, „AirPods“ и „MacBook“

Технолошкиот гигант „Apple“ наводно планира значително да го прошири својот „Ultra“ бренд со нови премиум уреди, вклучувајќи модели на „iPhone“, „AirPods“ и „MacBook“.

Целта на оваа стратегија е компанијата дополнително да се позиционира во највисокиот сегмент на пазарот, нудејќи уреди со најнапредни технологии и функции.

Една од најинтересните гласини се однесува на идниот преклоплив „iPhone“. Според информациите, уредот би можел да се нарекува „iPhone Ultra“, наместо очекуваното име „Fold“.

Кога ќе се отвори, телефонот би имал екран со големина блиска до помал таблет, што би овозможило подобро мултитаскинг искуство.

Почетната цена на овој модел би можела да достигне околу 1.850 евра, што би го направило најскапиот „iPhone“ досега.

„Apple“ наводно работи и на нов модел „AirPods Ultra“, кој би бил позициониран над „AirPods Pro“.

Најголемата новина би можела да биде вградена камера во слушалките. Таа би можела да ја анализира околината и да испраќа информации до гласовниот асистент Siri, кој потоа би давал контекстуални информации на корисникот.

Третиот уред во „Ultra“ линијата би можел да биде MacBook Ultra, лаптоп со значително подобрени карактеристики.

Според гласините, овој модел би можел да донесе:

-OLED дисплеј со подобар контраст и поинтензивни бои

-екран на допир, што би било голема промена за „MacBook“ компјутерите

-нова генерација процесори од серијата „Apple M3 Ultra“

Доколку овие информации се покажат точни, тоа би бил првиот MacBook со OLED екран и поддршка за допир.

„Ultra“ брендот станува симбол за најмоќните „Apple “уреди

„Apple“ веќе ја користи ознакат„а „Ultra“ за некои од своите најмоќни производи, како што е „Apple Watch Ultra“, и за дел од своите чипови од „Ultra“ серијата.

Со проширувањето на оваа линија, компанијата би можела уште повеќе да го зајакне својот премиум сегмент и да понуди уреди наменети за корисници кои бараат врвни перформанси и најнова технологија.

Некои извори наведуваат дека во иднина „Ultra“ брендот би можел да се појави и кај други производи, како што се „iPad“ и „iMac“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП