ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската централна банка ја тужи ЕУ за замрзнатите државни средства

Руската централна банка ја тужи ЕУ за замрзнатите државни средства

Руската централна банка ја тужи Европската унија (ЕУ) за неопределено замрзнување на средствата замрзнати во врска со инвазијата на Москва во Украина. Таа вели дека ѝ е одбиена правна заштита во првиот таков случај од почетокот на војната, објави „Bloomberg“.

Тужбата, поднесена во Општиот суд на ЕУ во Луксембург, оспорува регулатива на Европскиот совет од 12-ти декември 2025-та година, според соопштението на централната банка објавено денеска.

„Регулативата на ЕУ ги крши основните и неотуѓиви права на пристап до правдата, неповредливоста на имотот и принципот на суверен имунитет на државите и нивните централни банки, кои се гарантирани со меѓународното право“, се вели во соопштението.

Во декември, земјите-членки на ЕУ одобрија продолжување на замрзнувањето на околу 210 милијарди евра суверена актива што се чува во блокот откако рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна инвазија на Украина во февруари 2022-ра година. Брисел има намера да ги задржи средствата замрзнати до крајот на војната и додека Русија не исплати репарации на Украина.

Поголемиот дел од парите се чуваат во „Euroclear“, а белгиската влада се спротивстави на напорите на ЕУ да ги користи средствата за давање кредити на Украина.

Според монетарната власт, регулативата го блокира секој пренос на средствата за неограничен период и ја спречува руската централна банка да ги користи судовите за да ги спроведе своите права, вклучително и да ги спроведува судските пресуди или арбитражните одлуки поврзани со тие средства.

Исто така, се тврди дека Советот направил сериозни прекршувања на постапката на ЕУ со тоа што ја усвоил регулативата со мнозинство гласови, а не со едногласност.

Кратко откако ЕУ ја објави регулативата, Руската централна банка издаде предупредување до блокот, заканувајќи се дека ќе бара надомест во локалните судови од европските доверители ако продолжи да ги користи замрзнатите средства за поддршка на Украина.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП