ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанството бара 10 615 нови работници!

Стопанството бара 10 615 нови работници!

Oбезбедувањето на работен кадар во секој сектор е можеби најголемиот проблем, на пазaрот на труд во Македонија.

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, бројот на пополнети работни места е 484 385, додека слободни работни места има 10 615.

Најмногу работници недостасуваат во преработувачката индустрија или 2482 лица каде што веќе работат и најмногу граѓани од земјава во приватниот сектор и тоа на број нешто над 102 илјади. Во секторот трговија недостасуваат 2264 работници, работат 76 609 луѓе.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.49 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.39 % има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.09 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.64 %.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП