Денеска во скопски Карпош се случи голема трагедија во која мајка и дете го загубија животот.
Според МВР, околу 14:15 часот на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале лице место.
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид и наредил обдукција на телата на починатите, како и прибирање траги и други материјални докази со цел целосно расветлување на настанот.
Неофицијално, се вели дека причина за несреќата е семејно насилство и несредени семејни односи, односно жената често пријавувала насилство од сопругот.



