Глобалното рангирање на автомобилската индустрија за 2025-та година беше заклучено по објавувањето на финансискиот извештај на „Stellantis“ на 26-ти февруари, а три кинески производители беа меѓу првите десет.
„Toyota“, „Volkswagen“, „Hyundai Motor Company“ и „General Motors“ ги задржаа првите четири позиции.
„Stellantis“ го освои петтото место со продадени повеќе од 5,4 милиони возила.
Кинеските производители „BYD“, „SAIC Motor“ и „Geely“ остварија најголем напредок.
Според кинеските медиуми, силната државна поддршка беше клучна за нивниот раст. Програмите за субвенции за електрични и електрифицирани возила во Кина генерираа повеќе од 380 милијарди долари продажба во 2025-та година.
„Geely“ забележа петта година по ред раст и за прв пат надмина четири милиони годишни продажби на автомобили, надминувајќи ги „Ford“ и „Hondа“ глобалната листа.
Кинеските производители на автомобили, исто така, бележат силен раст на странските пазари. „BYD“ продаде 1,05 милиони возила надвор од Кина, што е зголемување од 145 проценти во однос на истиот период минатата година, додека „SAIC“ продаде 1,071 милиони возила на меѓународно ниво, што е зголемување од 3,1 процент.
Погледнете ја листата на топ 10:
Компанија – Продажба во 2025-та (милиони возила) – Продажба во 2024-та




