ПочетнаЕКОНОМИЈАОдлуките на Европската комисија клучни за статусот на возачите во Шенген

Одлуките на Европската комисија клучни за статусот на возачите во Шенген

Одлуките на работната група на Европската комисија, закажани за 25 февруари, би можеле да бидат одлучувачки за понатамошните чекори на превозниците од регионот, кои со месеци предупредуваат дека правилата за престој во Шенген зоната директно ја загрозуваат нивната работа.

Претставниците на транспортниот сектор велат дека, и покрај нивната подготвеност за нови протести и блокади, ќе чекаат институционално решение, со надеж дека ќе бидат иницирани конкретни мерки на ниво на Европската комисија што би овозможиле воведување посебен статус за професионалните возачи на камиони од земјите од Западен Балкан.

Засега, Европската комисија не изгледа подготвена брзо да го реши проблемот, но фактот дека е закажана работна група укажува дека постои намера прашањето да се подигне од мртва точка.

И покрај неизвесноста, превозниците сметаат дека закажувањето нова седница на работната група, во рамките на Европската комисија, укажува дека процесот сè уште се движи од мртва точка, бидејќи во спротивно нема да има нови состаноци и разгледување решенија што директно влијаат на функционирањето на транспортниот ланец во регионот.

За потсетување, транспортерите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора ги блокираа премините за товарен сообраќај од 26 до 30 јануари, протестирајќи против строгите правила на ЕУ за престој во Шенген зоната.

Блокадите беа прекинати откако Европската комисија почна да ја разгледува можноста за воведување специјални визи за професионални возачи на камиони, што би им овозможило да останат подолго во ЕУ и непречено да ја извршуваат својата работа.

Според сегашните правила, новиот систем за влез и излез го ограничува престојот на возачите од земји надвор од ЕУ на 90 дена во период од 180 дена, до кој професионалните возачи, поради природата на нивната работа, стигнуваат многу брзо, по што им се заканува депортација или забрана за влез во ЕУ.

Превозниците предупредуваат дека примената на правилото „90 од 180 дена“ врз професионалните возачи директно ја загрозува нивната работа и опстанокот на транспортните компании во земјите од Западен Балкан.

Правилото 90/180, заедно со новиот систем за влез и излез, сериозно го ограничува престојот на возачите од земји надвор од ЕУ и го загрозува непреченото извршување на нивната работа, како и работењето на транспортните компании во регионот..

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП