Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2025 година, изнесува 46 889 денари.
Во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.6 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13.4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10.9 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Образование 9.7 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 12.8 %, Рударство и вадење на камен за 9.0 % и Градежништво за 7.0 %.



