„Sony“ ќе го одложи лансирањето на својата најнова конзола „PlayStation“ поради недостаток на мемориски чипови предизвикан од порастот на вештачката интелигенција (AI), објавува „Telegraph“.
Лансирањето на новиот „PlayStation 6“ би можело да се одложи до 2028-ма или дури и до 2029-та година, бидејќи јапонската компанија се бори да ги набави виталните компоненти потребни за хардверот поради зголемената побарувачка за полупроводници за центри за податоци.
Гигантите за потрошувачка електроника како „Sony“ се соочуваат со вртоглаво зголемување на цените на чиповите со меморија за случаен пристап (RAM), кои се насочуваат кон профитабилниот свет на компаниите за „AI“ кои ги напојуваат нивните чет-ботови.
Цената на RAM чиповите се зголеми за 600% во изминатата година, проценува „Counterpoint Research“, принудувајќи ги производителите на технолошки гаџети да размислат за зголемување на цените или одложување на нови производи.
„Trendforce“ предвидува дека цените повторно ќе се удвојат во првиот квартал од 2026-та година.
Првично планирано да биде објавено кон крајот на следната година, „PS6“ можеби нема да пристигне до 2029-та година. Конзолата е наследник на „PS5“, кој беше објавен во 2020-та година.



